Коронавирусот го намали животниот век за 10 години

Од:

Докторка по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на Универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова изјави дека главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години.

– Главното сценарио сега е ова: вакцините функционираат некако, вирусот исто така мутира. Сите чекаат. Човештвото полека се помирува со идејата дека очекуваниот животен век е намален за десет години. Додека луѓето се млади и имуни, тие се справуваат со дури и со повеќекратни имунизации. Меѓутоа, како што старееме, телото се повеќе се разболува, а коронавирусот е една од тие болести, така што животниот век се намалува … Имаме нов природен непријател, посочи Баранова.

Таа додаде дека е можно вирусот природно да ослабне со текот на времето.

– Постои природна селекција кај секоја популација. И кај луѓето. По две или три генерации, во просек, луѓето подобро ќе се справат со коронавирусот, дури и без лекови. Структурата на вирусите што го погодуваат човештвото, исто така, може да се промени, можеби конечно грипот ќе се намали, додаде Баранова.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски