Коронавирусот циркулирал во Италија уште во септември лани, открива ново истражување

Од:

Најнова студија на Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена покажа дека вирусот-предизвикувач на Ковид-19 циркулирал во Италија уште на почетокот на септември 2019 година.

Главниот автор на студијата, научниот директор Џовани Аполоне, ја објави студијата во списанието „Тумори журнал“.

Со серолошко тестирање на примероци од крв од 959 лица кои учествувале во истражување на рак на белите дробови меѓу септември минатата година и март годинава откриени се антитела на коронавирусот кај 11,6 проценти од испитаниците, а кај 14 проценти е откриено дека имале антитела уште во септември, пишува италијанскиот весник „Република“.

Се покажало дека четири случаи од првата недела на октомври биле позитивни на антитела кои го неутрализираат вирусот, што значи дека тие се заразиле во септември, изјави Аполоне.

– Ова е големо откритие – асимптоматските луѓе не само што беа позитивни по серолошките тестови, туку имаа и антитела кои можат да го убијат вирусот. Ова значи дека новиот коронавирус може долго време да циркулира меѓу населението и со ниска стапка на смртност, не затоа што исчезнува, туку за повторно нагло да удри, додаде тој.

Во истражувањето учествувале лица на возраст меѓу 55 и 65 години, и сите биле пушачи.

Речиси 60 проценти од испитаниците биле мажи, а 50 проценти од нив биле жители на Ломбардија.

Наодите на крвта исто така покажувале дека во септември 2019 година, вирусот потенцијално бил присутен во пет италијански региони, а во целокупната анализа на примероците од септември до март, пронајден е барем еден позитивен случај во сите 13 региони.

– За оние луѓе кај кои беа пронајдени антитела во примероците од крв дадени во септември, заразата најверојатно се случила во август, рече Аполо.

Првиот официјален случај на коронавирус во Италија е регистриран на 19 февруари.

Двајца научници, биологот Енрико Бучи од Универзитетот во Темпле и имунологот Антонела Виола од Универзитетот во Падова, се скептични во врска со оваа студија и наведуваат дека она што го открило студијата, всушност е вкрстена реакција на 10 проценти од светската популација, кои наишле на еден од другите коронавируси и развиле некаква форма на заштита од новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески