„Кориере дела сера“: Италија запаѓа во сериозна политичка криза

Од:

Италија се движи кон сериозна политичка криза, оценува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, нагласувајчи дека половина година по парламентарните избори и составувањето на широката коалициска влада меѓу левицата и десницата, Италијанците може повторно да излезат на предвремени избори.

Според весникот, причина за тоа е поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговите судски проблеми.

На 4 октомври Комисија на италијанскикот Сенат треба да реши дали да му го одземе пратеничкиот мандат на Берлускони. Неговата партија Народ на слободата (ПДЛ) најави дека ако Комисијата реши да го исклучи Берлускони од Претставничкиот дом, тогаш нејзините пратеници ќе го напуштат Парламентот. Целта на ваквиот потег е да се принуди претседателот на републиката Џорџо Наполитано да ги распушти двата парламентарни дома и да распише нови избори.

Одлуката за колективна оставка на пратениците на ПДЛ била донесена на вчерашното заседание на Пратеничката група, на која присуствувал и самиот Берлускони. Пред пратениците поранешниот премиер потенцирал дека против него се води „субверзивна операција, што ја погребува правната држава“.

Берлускони се жалел дека се обидуваат „да го исфрлат од историјата“ со помош на неправедни обвиненија, заради кои тој не спиел цели 55 дена. Освен тоа, поради своите судски неволји, тој ослабнал цели 11 килограми – по еден килограм за секоја година затвор, на колку што, според него, неправедно беше осуден во двата судски процеси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим