Корејската култура инспирира глобална свест во срцата на младите Азијци

Од:

Јонхап – Сеул

За младите Азијци родени во овој милениум, глобална свест не значи познавање на повеќе јазици, трговија без ограничувања или работа во странска фирма, како што некогаш беше случајот. Сега овој термин се однесува на креативната содржина која ги спојува различните култури.

-За мене глобална свест значи чуствување и дејствување како глобален граѓанин а не само како граѓанин од земјата од каде доаѓам, ми рече израел Јинг Динг, 19-годишен студент од Бурма, во хотелот Чангдеок палас во центарот на Сеул на 11 август.

-Слобална свест не мора да значи од познавање на повеќе јазици. Имам Монголец цимер во оваа програма. Не знае баш добро англиски јазик, а јас не знам добро корејски јазик, но не ни требаше многу време пред да почнеме да се разбираме околу тоа што ни треба или што ни се допаѓа, продолжи тој. Како бруцоши во престижното медицинско училиште во Мјанмар, азиски студенти доаѓаат во Кореја да учествуваат во годишната меѓународна програма. Од 2006 година, домаќин на годишниот културен настан јужнокорејското Министерство за полова еднаквост и семејство,. а го организира Националниот совет на младински организации во Кореја.

Студентите посетуваат избрани локаци од корејското светско наследство, како што се Сувон Хвасеонг, тврдина од периодот Јосеон (1329-1919), во Сувон, во провинцијата Гјеонџи, и селото Хахое во Андонг во провинцијата Северен Гјоеонгсанг, место кое го посети британската кралица Елизабета Втора во 1999 година. Ова старо село е колевка на „хахое тал“, оригинална рачно изработена дрвена маска.

Покрај тоа, во запознавањето со исторските локации во Јужна Кореја, програмата нуди специјални предавања насловени „Знашењето на азиската култура во светот“,. Меѓу некои од корејските културни искуства се и изведбите на корејска радиционална музика и демонстрација на оригиналната корејска боречка вештина „такгјуин“.

Во секторот на азиски култури, студентите разговараат за алатки за глобализација на азиската култура и улогата која азиската младина ја има во ширењето на азиската култура. Учесниците исто така работат во тимови да го пополнат азискиот календар, со азиски традиционални изведби и да уживаат во азиски фестивал за да го засилат своето познавање на културната различност.

За Динг, слобална свест е уживање во иновациите кои други ги откриле, и обратно.

Динг ги обожува корејските телевизиски шоуа и к-попот, и покрај тоа што корејските актери и изведувачи многу ретко ја посетуваат неговата родна земја. Првата корејска драма која тој ја гледал била „Есен во моето срце“, во која игра најпознатите јужнокорејски актери Сонг Сеунг-хеон и Вон Бин, и ѕвездата Сонг Хјуи-кјо. Тој купил дивиди со драмата од уличен прдоавач кој продавал поратски копии на хит филмови и телевизиски шоуа. Прво многу му се допаднала приказната, но со текот на времето се фасцинирал од животниот стил на корејците кој бил опишан во серијата.
-Постојат многу телевизиски серии во кои се искористени мотиви од херои со супермоќ, но и вонземјани, но корејските драми се ослободени од овие клишеа, вели Динг.

Динг го споделувал својот нов интерес со неговите пријатели. Еднаш Динг му позајмил дивиди со хит јужнокорејската воена романтична комедија „Наследници на Сонцето“ на некој свој пријател.
– Од еден здив ја изгледа целата прва сезона, ми рече тој, и почна да се смее.

Додека ги гледа одлично продуцираните корејски драми, Динг станал и обожавател на корејскиот поп (кеј-поп). На еден натпревар за таленти барал од учесниците да ја испеат „Мојата судбина“, балада од кеј-поп ѕвездата Лин, која е дел од филмот „Мојата љубов од ѕвездата“.

Иако повеќе насочен кон корејските драми, студентот по медицина од Бурма рече дека му се допаѓа и инспирацијата која ја создава кеј-попот.

– Кеј поп ѕвездите ја започнуваат својата пејачка кариера толку млади. Мојата кариера не е нималку слична на нивната, но ми се допаѓа страста и успешните приказни на кеј-поп пејачите“.
Динг е еден од 205-те брилијантни млади момчиња и девојки од 22 азиски земји кои дошле да ги засилат своите познавања и ангажман во паназиската тимска соработка која е ориентирана кон иднината.

Покрај Динг, тука е и Шешембекова Мадина Маратовна, 20-годишна студентка од Казахстан. Маратовна е една од 30-те студенти кои студираат Корејски студии на Евроазискиот национален унивеерзитет во Астана, престолнината на Казахстан – еден од двата казахстански градови кои нудат коресјки студии.

Таа им е благодарна на родителите што и овозможиле да студира коресјки студии затоа што веќе завршила математика со целосна стипендија. Уште од малечка била одлична по математика, но на крајот се решила да избере студии кои најмногу ја интересираат.

 – Не сум заинтересирана да работам за корејски компании во Казахстан, но мислам дека учењето на корејскито јазик и култура на крајот ќе ми отворат многу нови можности, продолжи таа.

Покрај студирањето, таа дома е повремено и моден модел. Младата дама има одличен вкус за мода и стил. Иако е многу избирлива во врска со нејзиниот стил, таа е многу вољна да слушне конкуренстки модни совети.

Ако средношколка, таа и нејзините пријателки редовно гледала корејски совети за шминкање на Јутјуб. Таа купува јужнокорејски коземтички производи, како оние од Иц скин, Мишаа и Итјуд хаус. Овие производи се поскапи во Казахстан отколку во Кореја, па сега и ќе заштеди кога тука ќе си купи корејска козметика.

– Почнав да ги кубам веѓите во права линија, како што го прават тоа корејските девојки. Мислам дека тоа подобро ми стои, рече маратовна.

Кога ќе си замине, планира да си однесе дома фини корејски балзами и козметички производи од Ер кушн.

Бидејќи обожува да меша корејски производи со домашни, Маратовна за сепослушаниот кеј-по во Казахстан го смета за позитивен фактор за нејзината генерација.

– Мислам дека кеј-поп културата станува се посилна токму заради различностите. Кога ќе ги споредам моите пријатели кои слушаат кеј-поп со оние кои не слушаат, мислам дека првите се поотворени во врска со новите идеи“.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња