Кореец се обиде да ја отвори вратата од авионот сред лет, екипажот го врза

Од:

Полицијата во Јужна Кореја објави дека 19-годишен Кореец кој се обиде да ја отвори вратата од авионот на лет, бил позитивен на дрога.

19-годишното момче веќе имало црвени очи на почетокот на летот од Себу на Филипините до Сеул, Јужна Кореја, изјавија претставници на Jeju Airlines.

По еден час од летот почнал да се однесува чудно и бил преместен во првиот ред од авионот во близина на излезната врата каде што персоналот можел да го надгледува.

19-годишникот исто така се пожалил дека чувствува „притисок“ на градите, соопшти авиокомпанијата. Младиот човек во еден момент ненадејно истрча кон вратата за итни случаи и се обиде да ја отвори, но „екипажот веднаш го совладал и го врза до крајот на летот“.

Кореецот не успеа да ја отвори вратата или да го оштети авионот на друг начин, па никој од 180-те патници не е повреден.

19-годишникот и бил предаден на полицијата на аеродромот Инчеон во Сеул веднаш по слетувањето на авионот.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците

Авион полн со патници почна да губи висина, голем број повредени

Горан Наумовски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници