(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Од:

Авион на „Сан експрес“ кој на 9 април во 19.30 часот полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција, мораше принудно да слета во Белград поради див патник кој предизвика тотален хаос.

Поради драмата, авионот доцнел на својата дестинација со два часа, пишува Дејли мејл.

На видеата што ги снимија шокираните патници и споделени на социјалните мрежи, јасно се гледа како еден маж вика и навредува друг патник, покажувајќи со прст кон него.

На крајот се огласи авиокомпанијата „Сан експрес“:

По слетувањето во Белград, патникот беше однесен од локалната полиција која го извади од авионот, а авионот продолжи кон Даламан, кон планираната дестинација.

Од авио-компанијата исто така нагласуваат дека безбедноста на патниците им е најголем приоритет.

Инцидентот се случи само неколку дена откако полицијата исфрли патник од летот на друга авиокомпанија, бидејќи наводно испил шише алкохол. Двете авиокомпании имаат строги политики за алкохол и велат дека повеќе нема да дозволуваат такви ескалации.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците

Авион полн со патници почна да губи висина, голем број повредени

Горан Наумовски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

Авион полн со патници полетал, а потоа му отпаднало тркало