Конвој автобуси за евакуација на цивили тргна кон Дебалцево

Од:

Конвој автобуси за евакуација на цивили од украинскиот град Дебалцево тргна од Доњецк, изјави претставник на министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република Едуард Басурин.

– Конвојот го напушти градот, на пат е кон Дебалцево. Засега немаме информации за состојбата во деловите на евакуација, изјави Басурин, пренесува ТАСС.

Украинската армија вчера потврди дека примирјето ќе стапи во сила во петок од 9 часот по локално време.

Евакуацијата на цивили ќе почне во 11 часот по локално време, а тие од Дебалцево ќе бидат пренесени во Горловк или Артемовск, изјави Басурин.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје