Контакт групата за Украина подготвена за состанок во Минск

Од:

Трилатералната Контакт група е подготвена денеска да отпатува во Минск, Белорусија, со цел да биде одржана уште една рунда консултации и да биде финализиран договорот со потписниците на Протоколот на Меморандумот од Минск од 5 и 9 септември минатата година, а со цел имплементациија на мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко, соопшти ОБСЕ.

Документот кој може денеска да биде потпишан, вклучува список конкретни чекори со кои би се обезбедила примена на приоритетните задачи, чија цел е деескалација на ситуацијата, го пренесува Танјуг соопштението.

Овој документ е финализиран на 29 јануари, откако ден претходно се состанаа Порошенко и претставници на трилатерната Контакт група, во чиј состав влегува поранешниот украински претседател Леонид Кучма, рускиот амбасадор во Украина Михаил Зурабов и претставничката на Организацијата за безбедност и соработка во Европа Хајди Талвини.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје