Контакт групата за Украина и сепаратистите постигнаа договор

Од:

Контакт групата, во која учествуваат украински и руски специјални претставници, како и претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и сепаратистите потпишаа патокази за постигнување мир.

Ова го потврдија претседателите на Русија, Украина и Франција, Владимир Путин, Петро Порошенко и Франсоа Оланд и германската канцеларка, Ангела Меркел, по 18-часовните преговори за решавање на кризата во источна Украина, кои се одржаа во Минск.

– Контакт групата го потпиша документот, што го изготвивме, изјави украинскиот претседател Порошенко по преговори, а информацијата ја потврди и рускиот претседател Путин.

– Со текстот, кој беше потпишан од Контакт групата и сепаратистите, се опфатени сите прашања, истакна францускиот претседател Оланд во заедничката изјава со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Денешната согодба од Минск содржи клаузула „со која се гарантира ослободувањето и размена на сите заложници и незаконски приведени лица врз основа на принципот „сите против сите„ се посочува во потпишаниот документ, наречен „Комлекс мерки“.

Во документот се предвидува и повлекување на сите странски вооружени формации, воената техника и платениците од територијата на Украина, под мониторинг на ОБСЕ, како и разоружување на сите нелегални групации.

– На преговорите во Минск беше договорен прекин на огнот во зоната на конфликот во Донбас од полноќ на 15 февруари, а исто така и повлекување на тешкото вооружување и мерки за трајно политичко уредување на ситуацијата, изјави Путин.

Рускиот лидер додаде дека се потпишани два документи, од кои првиот се нарекува Комплекс мерки за спроведување на спогодбата од Минск, јави ТАСС.

Документот содржи 13 точки, а со првата се превидува „итен и сеопфатен прекин на огнот во некои региони од Доњецката и Луганската област на Украина, кој треба строго да се почитува од 00:00 часот по киевско време на 15 февруари 2015 година“.

– Вториот документ е без потписи и тоа е изјава на претседателот на Франција, претседателот на Украина, вашиот покорен слуга и канцеларот на Германија, дека го поддржуваме тој процес, рече Путин.

Лидерите на Украина, на Русија, на Германија и на Франција се заложија и за зачување на суверенитетот и територијалниот инегритет на Украина, се наведува во заедничката декларација.

Според претседателот на Русија договорено е исто така повлекување на тешкото вооружување од денешната линија на разделување за украинските воени сили и од линијата, определена на 19 септември минатата година во Договорот од Минск за припадниците на отпорот.

Според Путин решени се и комплекс прашања поврзани со трајното политичко уредување.

– Тука има неколку позиции, а првата е уставна реформа, која ќе се однесува на законските права на лицата, кои живеат на територијата на Донбас, изјави рускиот претседател.

– Следуваат позициите за решавање на пограничните прашања, согласно сепаратистите од Донбас, хуманитари прашања, активирање на претходно усвоениот закон за специјалниот статус на териториите Доњецк и Луганск, рече Путин.

За време на преговорите Путин и Порошенко постигнале спогодба за ангажираат воени експерти за покренување истрага со цел да се утврди што всушност се случува на теренот и да се донесат мерки за верифицирање на донесените одлуки за проверка и за почитување на доовореното.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина