Коњско месо во ќофтиња за „Икеа“

Од:

Чешки инспектори нашле коњско месо во ќофтиња произведени во Шведска и наменети за рестораните во трговските центри на шведскиот гигант за мебел „Икеа“.

Овие податоци ги соопшти чешката ветеринарска управа, при што се наведува дека ќофтињата ги произведува шведското претпријатие „Дафгорд“ и ги испорачува во голем број трговски центри на „Икеа“ во Европа.

Доколку податоците се точни, тоа е првпат коњско месо да биде најдено во производи од Шведска, пишува „Свенска дагбладет“ на својот сајт.

Според шведскиот Завод за прехрамбени производи, чешки надлежни органи го известиле „Дафгорд“ дека биле направени три анализи, при што во еден случај е најдено коњско месо.

Засега не е познато колкаво количество коњско месо е откриено во споменатите шведски прозиводи.

Би можело да ве интересира

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Бараат увоз на смрзнато свинско месо без царина за да се намали цената на домашните месни производи за 10 – 15 %

Маја Илиевска-Пачемска

Јагнешкото ретко и скапо пред Велигден, традиционално поскапеа и пазарите

Жарко Настоски

Да јадеме помалку месо за да се намали ризикот од нови пандемии, порачуваат експерти на ОН

Жарко Настоски

Кина: коронавирус откриен во пилешки крилца од Бразил

Жарко Настоски