Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Од:

Судот во Марсеј им изрече казни од осум месеци до четири години затвор на 15 лица од Франција, Белгија и Холандија инволвирани во случајот со измама со коњско месо, јави ДПА.

Судот посочи дека обвинетите на големо и организирано преработувале коњско месо несоодветно за човечка исхрана, пренесува весникот „Прованс“.

Претседателката на Судот, Селин Балерини, при соопштувањето на пресудата истакна дека обвинетите, водени од желбата за профит, употребувале лажни коњски пасоши, печати и други фалсификувани медицински документи за да го искористат за храна месото што инаку не е за изхрана.

Измамата со коњско месо била извршена во периодот од 2010 до 2015 година.

Во друг судски процес што се уште е во тек, Обвинителството терети лабораториска фарма на фармацевтска компанија дека коњите користени за експерименти што биле забранети за човечка исхрана, биле заклани, а нивното месо завршило на трпеза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано