Кина: коронавирус откриен во пилешки крилца од Бразил

Од:

Новиот коронавирус при рутинска контрола е пронајден во пилешко месо увезено од Бразил, соопштија денеска кинеските власти.

Вирусот во вторникот е пронајден во примероци на замрзнати пилешки крилца, соопштија локалните власти во јужниот кинески град Шензен, кој е во близина на Хонг Конг.

По откривањето на вирусот веднаш се тестирани лицата кои биле во контакт со контаминираните производи и нивните блиски. Локалните власти истакнаа дека тестовите на сите биле негативни.

Бразил е најголем светски произвоидител на пилешко месо, но и втора земја, пд САД, најпогодена од пандемијата.

Кина, каде првпат се појави Ковид-19 кон крајот на 2019 година, во голема мера ја искорени епидемијата, според официјално објавените податоци.

Кинеските власти денеска објавија дека има 19 новозаразени, а последниот смртен случај е регистриран на средината од мај.

Властите во градот Вуху, источна Кина, вчера соопштија дека во амбалажата на замрзнати морски ракчиња од Еквадор бил откриен новиот коронавирус. И во други неколку кинески градови биле откриени контаминирани замрзнати морски ракчиња увезени од Еквадор, поради што е забранет увоз, а увезениот артикал бил запленет од сите ресторани во Вуху.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала