Конфликтот меѓу Израел и Палестина се прелеа во Европа: Нападнати синагоги, запалени знамиња

Од:

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што во текот на ноќта биле нападнати две синагоги.

Во Бон синоќа неколку млади луѓе фрлале со камења кон синагогата. Полицијата на местото на настанот открила и хартии со арапски натписи, а на тротоарот пронашле израелско знаме, кое било запалено.

Тројца мажи лица на возраст од 20 и 24 години се приведени.

Во Минстер полицијата спроведува истрага по палење на израелското знаме. Група од 15-ина лица го запалиле знамето пред синагогата во овој германски град. Полицијата уапсила 13 лица против нив ќе бидат покренати обвиненија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски