Конференцијата за Сирија можно е да се одржи на почетокот на следниот месец

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска изрази надеж дека на почетокот на следниот месец ќе биде одржана меѓународна конференција за Сирија, додека Арапската лига најави дека на состанокот в четврток ќе го разгледа предлогот за организирање ваква средба.

САД и Русија неодамна се договорија да ги преземат сите чекори со цел да ги стават на преговарачка маса претставниците на сириската опозиција и режимот на претседателот Башар ал Асад, но се уште не го утврдиле датумот за одржување на ваков состанок.

Ниту Асад, ниту опозициските групи се уште не се огласиле по повод учеството на состанокот. Бан, кој се наоѓа во посета на Русија во рамки на напорите за организирање конференција за Сирија, изрази надеж дека средбата ќе се одржи наскоро, можеби на почетокот на јуни.

Тој додаде дека за оваа идеја веќе разговарал со САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина и други клучни страни.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа