Компанија за безбедност се сомнева дека кинеската војска стои зад хакерските напади

Од:

Тајна кинеска воена единица е одговорна зад серијата хакерски напади врз фирми и установи во САД, соопшти американска компанија за безбедност на компјутери.

Во извештајот на фирмата „Мендиент“ се вели дека Единицата 61398 на Народноослободителната армија, стационирана во Шангај, најверојатно е движечка сила за хакерските упади.

„Мендиент“ соопшти дека верува оти единицата извршила „успешни“ напади врз голем број компании.

– Природата на работата на таа единица во Кина се смета за државна тајна, но сепак веруваме дека тие се ангажирани во штетни операции врз компјутерки мрежи, се вели во извештајот на „Мендиент“.

Тие тврдат дека кинеската единица украла „стотици терабајти податоци од компјутери од најмалку 141 организација од почетокот на 2006 година“.

Најголеми жртви се од САД, а помалку од Канада и од Велика Британија.

Кинеската Влада засега не го коментираше извештајот, иако досега постојано негираше вмешаност во такви активности.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг