Комесар на СЕ: Постои тенденција на занемарување на правата на децата

Од:

Државите членки на Советот на Европа постигнаа напредок во заштитата на детските права, но се уште постои тенденција на занемарување на сите обврски на тој план, изјави комесарот на СЕ за човекови права Нилс Муижниекс по повод 25-годишнината од донесувањето на Конвенцијата на ОН за правата на детето.

– Конвенцијата и денес е најзначаен меѓународен документ за заштита на детските права, изјави Муижниекс додавајќи дека на 20 ноември 1989 година кога е донесена Конвенцијата, децата за првпат станале полноправни носители на човекови права.

Тој нагласува дека државите членки на СЕ од 1989 година постигнале „значителен напредок“ во почитувањето на детските права, но се уште постои тенденција на занемарување на сите обврски на тој план.

Објаснува дека еден од облиците на кршење на правата на децата е нивно ставање во притвор кога се во ситуација на имигранти и оти тоа е тенденција на дел европски политичари илегалните имигранти да ги изедначат со криминалци.

– Кршењето на правата на децата на образование е присутно во бројни држави меѓу кои Франција, Италија, Црна Гора, Македонија, Шпанија и Холандија, предупредува Муижниекс.

Со Конвенцијата на ОН на децата им се ганатира право на име, државјанство, образование, здравствени стандарди, заштита од злоставување и право да се слушне нивниот став.

Муижниекс вели дека децата треба да добијат државјанство што е можно поскоро бидејќи во спротивно се намалуваат шансите за целосно почитување на нивните права. Поради економската криза и намалуавње на буџетите, регистриран е зголемен процент на сиромашни деца.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија