Колумбискиот претседател го суспендираше примирјето со најголемиот нарко картел во земјата

Од:

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави во неделата дека го суспендирал примирјето со најголемата криминална организација во земјата, Клан дел Голфо, бидејќи ја нападнала полицијата. „Им наредив на вооружените сили повторно да ги активираат сите воени операции против кланот Дел голфо“, напиша Петро во твитот. „Нема да дозволиме да продолжат да сеат вознемиреност и ужас во заедниците“.

Неколку минути подоцна Петро напиша: „Нападот со пушка врз полицијата од страна на Клан дел Голфо го нарушува прекинот на огнот… Вооружените сили мора веднаш да дејствуваат против мафијашката организација“.

Ројтерс соопшти дека не може веднаш да потврди никакви детали за нападот. Прекинот на огнот со колумбискиот нарко картел беше дел од напорите да се стави крај на внатрешниот конфликт во Колумбија во кој загинаа најмалку 450.000 луѓе.

Неколку дена претходно, во радио интервју на 13 март, Петро ја обвини групата за уништување на општински аквадукт во провинцијата Антиокија за време на блокади на патиштата поврзани со протестите на неформалните рудари за злато. Петро рече дека групата го „прекршила прекинот на огнот“ и дека нема можност за преговори доколку продолжат со нападите.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски