Кој доби, а кој не доби покана за погребот на Кралицата Елизабета Втора

Од:

На погребот на кралицата Елизабета Втора ќе има стотици носители на кралиски титули и политичари. Погоребот утре во Лондон, ќе биде еден од најголемите дипломатски собири во последните децении.

Вестминстерската опатија може да прими околу 2.000 луѓе, па на првиот државен погреб во Британија по шест децении беа поканети само шефови на држави и неколку гости.

Неколку земји не беа поканети во Вестминстер од политички причини, што предизвика излив на гнев во барем еден случај.

Монарси

Голем број претставници на кралски семејства од целиот свет потврдија дека ќе бидат на погребот. Тоа ќе биде прво патување во странство за јапонскиот император Нарухито и царицата Масако откако го презедоа тронот во 2019 година. Тоа е исто така отстапување од јапонската традиција, бидејќи императорите ретко одат на погреби.

Европските кралски семејства се тесно поврзани, многумина по семејство, па не е чудно што неколку европски монарси ќе бидат во Лондон.

Холандскиот крал Вилем Александар, белгискиот Филип, норвешкиот Харалд V и принцот Алберт II го најавија доаѓањето. Ќе присустуваат и данската кралица Маргарета и шпанскиот крал Филип VI.

Светски лидери

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил ја предводат листата на дипломатски гости. Иако британската влада побара од странските државници да ѝ дозволат да го организира превозот, Бајден наводно добил дозвола да вози низ Британија со неговата блиндирана претседателска лимузина, позната како „Ѕверот“.

Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон лично ќе и оддаде почит на „вечната кралица“. Тој е и меѓу државниците на кои им е дозволено да доаѓаат со сопствен превоз. На погребот доаѓаат и турскиот и бразилскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Жаир Болсонаро.

Меѓу другите ќе бидат италијанскиот претседател Серџо Матарела, Германецот Франк-Валтер Штајнмаер, Хрватот Зоран Милановиќ, Израелецот Исак Херцог и Јужнокорејецот Јун Сук-Јол.

Европската унија ќе ја претставуваат претседателите на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на Европскиот совет, Шарл Мишел.


Лидерите на Комонвелтот

Ќе дојдат бројни државници од земјите што членки на Комонвелтот.

На погребот ќе присуствуваат канадскиот премиер Џастин Трудо, Австралиецот Ентони Албанес и премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн.

Тројцата веќе неколку дена се во Лондон и оддадоа почит во ковчегот на кралицата во Вестминстерската сала. Денеска истото ќе го направи и Џо Бајден.

Кој не е поканет?

Русија и Белорусија не беа поканети на погребот поради инвазијата на Украина, изјави извор од британската влада.

„Рускиот претседател Владимир Путин и онака е под западни санкции и не може да патува, но фактот што ниту еден руски претставник не беше поканет е осветољубиво за споменот на Елизабета Втора и длабоко неморално“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Покана не ја добија ниту лидерите на Мјанмар, бидејќи таму на власт е воена хунта, а не доби ниту диктаторската Северна Кореја. Не се добредојдени ниту претставниците на Авганистан, Сирија и на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он