Кои држави се повеќе подготвени, а кои помалку во превенцијата на Коронавирусот?

Од:

Спорд индексот на „Global Health Security“ објавен во 2019 година постојат различни нивоа на глобална здравствена заштита во околу 195 држави ширум светот.

Тие ги анализирале сите држави во однос на тоа колку тие се подготвени да се соочат со сериозни вируси како што е денес Коронавирусот.

Со цел успешно да го создадат индексот, истражувачите работеле со меѓународни набљудувачи од 13 различни држави за да создадат детална и ефективна рамка од 140 прашања организирани во шест категории со 34 индикатори.

Истражувањата биле со една цел, да се даде до знаење колку секоја држава посебно може да одговори на некој потенцијален вирус.

Научниците работеле индивидуално со секоја држава посебно, од нив добивале извештаи за нивната работа како и одговори на различни прашања.

Во анализата, САД, Велика Британија и Холандија се првите три земји кои котирале највисоко т.е тие доколку се појави вирус во иднина би биле најподготвени да се соочат со него и успешно да превенираат.

Додека на дното на листата се земјите од Африка и Азија, меѓу кои, на 193 место е Северна Кореја, потоа доаѓа Сомалија (194), а на самото дно е Гвинеја (195).

Од денешна перспектива, интересно е да се забележи колкав е процентот на подготвеност на Кина.

Земјата од каде произлезе вирусот Корона, во индексот на „Global Health Security“ изнесува 48.2 (од можни 100) што означува делумна подготвеност во спречување на вирусот.

 

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски