Клуге: СЗО свикува состанок за новиот вид на коронавирус

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) ќе свика состанок на членките да ги разгледа стратегиите за борба против новиот, позаразен вид на коронавирус што се појави во Велика Британија, изјави денеска шефот на СЗО за Европа,Ханс Клуге, не прецизирајќи го датумот на состанокот.

„Ограничувањето на патувањата со цел да се сузбие ширењето на вирусот е мудро се додека немаме повеќе информации. Синџирите за снабдување со основни прозиводи и нужните патувања треба да останат можни“, порача на Твитер регионалниот директор на СЗО и притоа повика на засилени превентивни мерки.

Ова тело на ОН со седиште во Женева вчера соопшти дека новиот вид коронавирус, откриен во Велика Британија, за кој се покажа дека се шири побрзо од претходната варијанта, „не е надвор од контрола“.

Марија Ван Керхове, технички лидер на СЗО за Ковид-19, кажа дека новиот вид на коронавирус, иако позаразен, не предизвикува потешки форми на болеста или повеќе смртни случаи, повикувајќи се на британски анализи.

СЗО, исто така, соопшти дека наскоро очекува повеќе детали за можното влијание на новиот многу позаразен вид на коронавирус, додека голем број земји ги затворија границите за патување од Велика Британија од страв од негово ширење.

Новиот вид што ја вознемири Велика Британија е откриен и кај поединци во Австралија, Исланд, Италија и Холандија, а имало и неколку случаи во Данска.

Во денешното соопштение СЗО повтори дека се уште нема доволно информации за да се утврди дали новиот вид на коронавирус може да влијае врз ефикасноста на вакцината и додава дека испитувањата се во тек.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа