Климатските промени една од главните теми на вториот ден од самитот Г-7

Од:

На вториот ден од самитот на седумте најразвиени земји на светот продолжија разговорите за централните теми Русија и Украина, борбата против Исламските Држава и меѓународниот тероризам , нестабилноста во Либија, климатски промени, меѓународната трговија, иранското нуклеарно оружје и енергија.

Покрај илјадниците антиглобалисти кои што протестираа противејќи се лидерите на 7 најбогати демократии да расправаат за глобалните теми, до нив порака се обиде да испрати и еколошката организација Гринпис. Откако поради изолираноста на лидерите во замокот Елмо не успеаа да дојдат до нив активистите на Гринпис со помош на ласер на планината која што може да се види од местото на одржување на самитот напишаа порака.

Во неа се вели: „ Г-7 одете кон 100 % обновливо“ со што од најразвиените земји да се фокусираат на целосно производство на обновлива енергија наместо од нафта, гас и нуклеарни ценнтрални.

Сличен став со Гринпис има и домаќинот Германија. Една од темите за кои е потршено најмногу време во текто на вториот ден од самитот г-7 се климатските промени.

На разговорите германската канцеларка Меркел чија држава е лидер во употреба на сончева енергија и ветерот како извори на енергија побарала поддршка за намалување на употребата на нафтата и гасот со цел да се намали зголемувањето на температурите што влијае на климатските промени. Меркел предлага формирање на зеднички фронт кој ќе застане зад идејата и ќе ја брани на национално и меѓународно ниво.

Годинава Г- 7 ја отвори вратата и за гости од неколку меѓународни организации, африкански лидери и ирачкиот премиер Хајдер Ал Араби. Со нив е разговарано за заканите од тероризам и смртоносни заразни заболувања.

Претседателите на САД и Франција Обама и Оланд имаат сличен став за односите кон Русија и иранското нуклеарно оружје. Оваа позиција е договорена на средбата меѓу двајцата шефови на држави одржана на маргините на самитот што се одржува во Јужна Германија. Двајцата претседатели сметаат дека санкциите кон Русија треба да останат се додека Москва не ги спроведе сите услови на мировниот договор за Украина а немаат разлики ниту за забраната за развој на иранската нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска