Кличко повторно жестоко го критикуваше Зеленски: „Војната е изговор за централизација на Украина“

Од:

Украина мора да остане демократска земја, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во интервју за германскиот АРД. Во овој поглед, има неколку потези на украинскиот државен врв со кои тој не се согласува.

Првиот пример за тоа е изјавата на Серхи Лешченко, член на кабинетот на претседателот, дека Украинците кои се во странство треба да се вратат во својата татковина и да и помогнат, а Европската унија да престане да им дава гостопримство на овие луѓе, пишува ДВ.

Кличко вели дека бил изненаден од таа изјава: „Ако сме демократска земја и ги принудуваме луѓето да доаѓаат во Украина, тогаш, според мене, ова е кршење на човековите права. Секој има право да добие заштита, и никој не може да ги принуди луѓето што се во странство да дојдат. Можеме да ги убедиме луѓето, да ги поканиме, да ги прашаме. Но, верувам дека принудата не е вистинскиот начин“.

Враќање на централната власт?

Со оглед на тоа што во Киев, освен цивилната администрација на Кличко, има и воена администрација, новинарката Сабина Адлер, која редовно известува за германскиот јавен сервис АРД од главниот град на Украина, сакаше да знае „дали војната е изговор за враќање до централизација“.
Одговорот на Кличко беше: „Во право сте, бидејќи реформите за самоуправување и децентрализација се едни од најуспешните кои се спроведени во последните години“.

Потсетувајќи дека „во Украина има обиди за заплашување на новинарите, дека опозицијата е практично невидлива“ и „дека дебатите во парламентот се прикажуваат среде ноќ“, новинарот на АРД постави реторичко прашање: „Од надвор, се добива впечаток дека во Украина е само претседателот Зеленски“.

„Во право си“, повторно одговара Кличко, додавајќи дека „централизацијата е опасна тенденција кога станува збор за одлучување“. Да не се зборува за тоа значи да се согласи со тоа, рече тој, истакнувајќи дека темелите на демократијата мора да се зачуваат дури и во војна, инаку Украина повеќе нема да биде многу поразлична од Русија.

Лоши односи со Зеленски

Според Кличко, еден од доказите за важноста на самоуправата е тоа што таа функционирала особено добро во првите месеци од војната – во однос на територијалната одбрана, поддршката на армијата и заштитата на градовите. Потсети дека тоа им било јасно и на Русите: „Прва цел им биле градоначалниците: 37 од нив биле киднапирани, еден бил убиен, а петмина од нив се водат како исчезнати и денеска“.

Виталиј Кличко се пожали и дека од почетокот на војната немал ниту една средба со претседателот Зеленски, дека многу пати се обидел да разговара со него по телефон, но безуспешно.

Според него, задача на претседателот е да го обедини општеството. Тој, вели, треба да биде фигура што ги обединува сите луѓе – „рамо до рамо“. Во сегашна Украина, пак, економијата го чувствува притисокот на „централната власт“, ​​која, како што смета Кличко, не е во ред.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Украина: Русите шират дезинформации за бомбардирањето

Нападнат хуманитарен пункт во Херсон