Клаус: Еврозоната би можела да се инспирира од разделувањето на чехословачката круна

Од:

Според чешкиот претседател во заминување Вацлав Клаус, успешното разделување на чехословачката круна би можело да биде инспирација за случајна поделба на Европската монетарна унија, јави дописникот на МИА од Прага.

– Нашата монетарна унија е доказ дека таков чекор може да се оствари, рече Клаус на Конференцијата по повод 20-годишнината на Чешката народна банка (ЧНБ) и чешката круна.

Клаус смета дека таков чекор не мора да има катастрофални последици и целосниот ефект би можел да биде за сите страни позитивен.

– Монетарната поделба може да се направи и трошоците за тоа не мора да се високи, оцени Клаус коментирајќи дека пасивното одржување на непроменлива состојба напротив има поголеми трошоци.

Гувернерот на ЧНБ Мирослав Сингер констатираше дека банката во својата монетарна политика е конзистентна и предвидлива што помага во случаите кога е потребно да се влијае на пазарот.

– Не гледам причина во скоро време да се ослободиме од нашата сопствена валута, рече Сингер оценувајќи дека „сопствената валута има предности доколку со неа се умее да се управува“.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп