Кинезите во текот на „златната недела“ потрошиле 142 милијарди долари

Од:

Од 1 до 7 октомври, во текот на неделата на празнувањето на 1 октомври- датумот на на создавање на Народна Република Кина, продажните синџири во Кина остварија промет од 870 милијарди јуани (142 милијарди долари).

Во потрошената сума влегуваат и заработките на рестораните и другите угостителски објекти.

Според податоците на Министерството за трговија, тоа е за 13,6 отсто повеќе отколку минатата година во текот на националниот празник.

Овој период се нарекува и „златна недела“, бидејќи во ова време се и најголемите попусти во Кина. Дури и најскапите ресторани за време на празникот имаат големи попусти.

Во текот на „златната недела“ милиони Кинези заминуваат на одмор. Во тоа време е и најголемата посета на странски туристи на Кина.

Постои уште една „златна недела“ за трговците и купувачите – крајот на јануари и почетокот на февруари, по повод прославата на Кинеската Нова година.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он