Еден маж во Кина фрлил двегодишно девојче на земја, притоа усмртувајќи го, откако нејзината мајка наводно не сакала да се потргне за да може тој да го паркира автомобилот.
Човекот, кој е идентификуван само по презимето Хан, сакал да се паркира покрај автобуска станица во Пекинг, но жената не сакала да се потргне, бидејќи во тој момент ја проверувала својата ќерка во количката, пишува весникот „Беjџинг тајмс“, повикувајќи се на изјава на очевидец.
Хан, кој е на возраст од околу 40 години, излегол од својот автомобил и ја удрил жената, а потоа го земал детето од количката и го „треснал од земја“, изјавил сведокот, кој е сопственик на улична тезга. Од возилото излегол уште еден човек, кој исто така почнал да ја удира мајката, а потоа двајцата побегале.
Мајката веднаш ја однела својата ќерка во најблиската болница, каде констатирале дека е во критична состојба, а девојчето починало додека било префрлувано во друг објект.
Полицијата вчера го пронашла и упасила Хан, кој е ослободен од затвор оваа година по отслужувањето на казната поради кражба.
Тој може да биде обвинет за убиство, за што според кинеските закони, може да добие и смртна казна.