Корисник на кинеската социјална мрежа „Weibo“ целосно ги шокираше читателите кога ја објави фотографијата на вонземјанин кој го држел заробен во замрзнувач во неговата куќа.
Кинескиот корисник по име Ли објави контроверзна фотографија на вознемјанин, за кој тврди дека го држел заробен после уривањето на неговиот вселенски брод.
Оваа вест предизвика голема тревога затоа што веднаш се вклучиле љубителите на научната фантастика, но и локалната полиција. Ли тврди дека видел НЛО како кружи над неговата куќа. Вселенскиот брод наводно се урнал покрај неговата куќа, а вонземјанинот го земал со себе.
Меѓутоа, полицијата соопшти дека не се работи за вонземјанин, туку за кукла која е направена од гума. Без оглед на оваа официјална изјава и понатаму се трага по информациите за што точно се работи.