Кинеските власти прогласија „решителна победа“ над Ковид-19, истакнувајќи дека нивните напори покажале дека повеќе од 200 милиони луѓе добиле медицински третман и имаат најниска стапка на смртност во светот.
„Со континуирани напори за подобрување на мерките за превенција и контрола на Ковид-19 од ноември 2022 година, одговорот на Кина на короната направи непречена транзиција за релативно кратко време“, рече Постојаниот комитет на кинеското Политбиро на состанокот вчера.
Како што рекоа, постигната е голема решавачка победа во превенцијата и контролата на епидемијата. Речиси 800.000 тешки случаи добиле соодветен третман, но властите предупредија дека иако епидемиолошката ситуација во Кина се подобрува, вирусот сè уште се шири на глобално ниво и продолжува да мутира, пренесува Ројтерс.
На средбата беше истакнато дека Кина ќе ја зголеми стапката на вакцинација за старите лица и ќе го зајакне снабдувањето и производството на медицински производи.