Кинескиот туризам заживеа за време на Првомајските празници

Од:

Со оглед на тоа што епидемијата на коронавирусот во Кина е под контрола, многу туристички места повторно се отворени и привлекоа голем број туристи за време на петдневниот празник по повод 1 мај, и во првите четири дена од празникот регистрирани се 104 милиони домашни патувања.

Само на 1 мај, приходите од туризмот изнесувале 43,2 милијарди јуани, или над шест милијарди американски долари, соопшти Министерството за култура и туризам.

Ова зголемување е резултат на намалувањето на ограничувањата во туризмот, со оглед на тоа што бројот на заразени со коронавирусот во Кина значително опадна.

Во првите три дена од празникот, 124 туристички атракции во Пекинг примиле 1,89 милиони туристи, што е за 58,5 проценти повеќе од тридневниот празник Чингминг на почетокот на април.

Во Шангај, 130 главни туристички атракции примиле повеќе од еден милион туристи за време на првите два дена од петдневниот празник.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија