Кинескиот нобеловец Лиу Џиаобо се наоѓа на смртна постела во болница

Од:

На добитникот на Нобеловата награда за мир и затворен кинески активист, Лиу Џиаобо, му откажал респираторниот систем и „се наоѓа на смртна постела“, соопшти денеска болницата во која тој се лекува од терминален стадиум на рак на црниот дроб.

Семејството на Лиу е информирано за неговата состојба и тоа одбило интубација, се дознава од соопштението на Првата болница на кинескиот медицински универзитет во Шенѕанг.

Лиу и неговото семејство, кое се наоѓа под строг надзор во болницата, не можеле да дадат коментар.

Семејниот пријател, Ху Јиа, меѓутоа, за ДПА изјави дека тие се уште имаат надеж дека тој би можел да биде префлен надвор од земјата на лекување – што е и желба што ја изразија и неколку западни влади и организации.

Лиу претрпел повеќекратен прекин на работата на органите, соопшти болницата, вклучувајќи и проблеми со бубрезите и црниот дроб, септички шок, како и создавање крвни згрутчувња во телото.

Влошувањето на здравствената состојба на Лиу доаѓа во време кога кинеското Министерство за надворешни работи повтори дека нема да дозволи негово префрлање надвор од земјата.

Лиу, писател и активист, коавтор е на Повелбата 08, документ потпишан во 2008 година од 300 интелектуалци, кои повикуваат на демократска и правна држава во Кина, еднопартиска земја со која владее моќната Комунистичка партија.

Лиу е затворен минатата година заради поткопување на државниот поредок.

Нобеловата награда за мир ја доби во отсуство во 2010 година за неговото залагање за почитување на човековите права во Кина.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он