Кинески турист по грешка две недели затворен во центар за азиланти

Од:

 Еден 31-годишен кинески турист минал две недели во центар за азиланти во Германија, откако полицијата погрешно го регистрирала како мигрант и го ставила под надзор.
Кинезот дошол во полициската станица за да пријави дека е ограбен и дека му е одземен паричникот со сите документи во него, а завршил како „азилант“.

Тој не знаел германски јазик, а ниту англискиот не му бил јака страна, па полицајците помислиле дека е мигрант, кој бара азил во Германија.

Според германските прописи, врз него бил извршен детален лекарски преглед, а му биле земени и отпечатоци од прстите, по што бил одведен во прифатен центар во малото место близу Дортмунд, каде престојуваат мигрантите додека чекаат на решение од имигрантските власти за тоа дали ќе останат или ќе бидат депортирани.

Вработени од Црвениот крст во центарот, забележиле дека Кинезот „не личи“ на азилант и побарале некој кој знае кинески јазик за да се може да комуницираат со „азилантот“.
Бил најден Кинез, кој работел како готвач во еден кинески ресторан и со негова помош била увидена грешката.

Кинескиот турист тогаш објаснил дека нема намера да остане во Германија, ниту дека дошол да бара работа, туку дека е на туристичко патување со ранец на грбот низ Стариот континет. По Германија, тој планирал да ги посети и Франција и Италија.

Пред заминувањето од Дортмунд за германската телевизија ВДР изјавил дека не им се лути на Германците, но дека сепак „поинаку ја замислувал Европа“.

Би можело да ве интересира

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

Наместо казна, Кинезите добија уште една шанса од Владата да го довршат автопатот за Охрид

Орце Костов

Автопат до Охрид нема да има до Нова година: Бочварски кој ова го вети лани, не дава оставка

Орце Костов

Бројот на Кинези намален првпат по 1961

Њујорк Тајмс: ФБИ ги истражува тајните акции на кинеската полиција во Србија

Горан Наумовски

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он