Кинески партиски функционер под истрага за расипништво – на синот му направил тридневна свадба за 260.000 долари

Од:

Кина почна истрага против партиски функционер, откако се дозна дека организирал тридневна свадбена свеченост за својот син, за која биле платени 260.000 долари, пренесоа американските медиуми, цитирајќи ја кинеската државна телевизија.

Дисциплинската комисија на Комунистичката партија во пекиншкиот округ Чаојан ќе го истражува однесувањето на Ма Линсјан, заменик партиски секретар во селото Цинхин.

Оваа истрага за екстраваганоста на партискиот функционер доаѓа по предупредувањето на новото кинеско партиско раководство кон функционерите да не демонстрираат расипништво, заради јавното незадоволство.

Ма Линсјан за државната телевизија објаснил дека богарите родители на невестата платиле поголем дел од сметките за свадбата, што се одржала минатата недела.

Една од свадбените свечености била организирана во голема сала, изградена за Олимписките игри во 2008 година, каде свои презентации имаат светски познатите компании и брендови од бизнисот.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он