Експерти предупредија денеска дека постои опасност новиот вид вирус – создаден од мешавина на птичји и грип што погодува луѓе, да излезе од лабораторија и да предизвика пандемија од која живот би загубиле повеќе милиони луѓе.
Експерти критикуваа неодговорност на научници во Кина кои намерно создале нови видови вируси на грип во ветеринарна лабораторија.
Роберт Меј, поранешен британски владин претставник ја осуди студијата која денеска е објавена во журналот Наука, оценувајќи дека со ништо не придонесува за разбирање и спречување пандемија на грип.
– Истражувачи тврдат дека тоа го направиле заради развој на вакцина. Вистинската причина е дека биле водени од неразумна и слепа амбиција. Податоците за безбедност на лабораториски складишта не се нималку охрабрувачки. Презеле на себе создавање вирус што се пренесува од човек на човек. Тоа е ужасно неодговорно, изјави Меј за Индепендент.
Контроверзната студија за мешањето вируси ја извршил тим предводен од професорката Хуалан Чен која е директор на кинеската Национална лабораторија за борба со птичји грип при Ветеринарниот истражувачки центар.
– Студијата покажа дека вирусот H5N1 може да оствари преносливост по пат на сортирање со вирус од човечки грип. Резултатите укажуваат дека големо внимание треба да се обрати на тоа дека вирусите H5N1 имаат потенцијал да остварат преносливост со повторно сортирање со вирусите на човечки грип, наведува Хуалан Чен.