Кинески град почна да нуди експериментална вакцина за 60 долари

Од:

Кинескиот град Џјасин им понуди на работниците и други високо ризични групи експериментална вакцина за коронавирус на Синовак Биотех за 60 долари, како дел од националната програма.

Центарот за спречување и контрола на болести во Џјасин во соопштение наведува дека две дози од кандидатот за вакцина КоронаВак чинат 200 јуани (29,75 долари) по доза. Се објаснува дека е почната имунизација на клучни групи, вклучително и на здравствени работници.

Кинеските власти досега не ја откриваа точната цена на потенцијалните вакцини.

Стотици илјади Кинези и други досега примија експериментални вакцини во последните фази од испитувањата како дел од програмата за итна имунизација од јули.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија