Кинески „Бајт денс“ на суд против забраната на Трамп за „Тик ток“

Од:

Кинеската компанија Бајт денс, инаку сопственичка на видеоплатформата Тик-ток, поднесе барање до Апелациониот суд на САД во кое ја оспорува наредбата на администрацијата на Доналд Трамп за забрана за употреба на таа апликација во земјата.

Наредбата на Трамп од 14 август му наложи на „Бајт денс“ да го прекине пристапот до апликацијата во САД во рок од 90 дена. Тој рок истекува утре. Во образложението на налогот се наведува дека оваа апликација претставува закана за националната безбедност на САД затоа што ѝ овозможува на кинеската Влада пристап до личните податоци на корисниците.

Кинеската компанија, чија апликација ја користат повеќе од 100 милиони луѓе во САД, ги негира обвинувањата, тврдејќи дека тие се незаконски и ги кршат правата загарантирани со Уставот на САД. „Бајт“ денска побара рокот, што истекува утре, да се продолжи за 30 дена за да се разгледаат предлозите доставени до американската Влада во меѓувреме.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина