Кинеска потурила со врела вода стјуард во авион

Од:

Малку поднапиена и незадоволна од услугите на екипажот, кинеска туристка во авион на нискобуџетната „Ер Азија“, истурила топла вода врз стјуардот, а по инцидентот капетанот го вратил авионот во Бангкок.

Екипажот ја предал Кинеската на полицијата и по неколку часа, авионот одлетал на истата линија кон кинескиот град Нанџинг.

Незадоволството на кинеската туристка започнало поради тоа што не добила седиште до својот сопруг, а пред полетувањето другите патници се поместиле и им овозможиле на сопружниците да седат еден до друг. Дошло и до жестока вербална расправија меѓу мажот и жената, која по двасетина минути бесот го истурика кон недолжниот стјуард.

Бесната патничка е вратена во Кина со друг авион и за евентуална казна ќе одлучуваат тамошните власти.

Сторијата денеска ја објавуваат тајландските медиуми, кои потсетуваат на поголем број инциденти што во авиосообраќајот ги прават кинески државјани.

Тие пренесуваат изјавата на Министерството за сообраќај на Кина, кое изразува жалење за настанот и апелира кинеските граѓани да внимаваат како во странство го чуваат угледот на својата држава.

Во последниве четири-пет години кинеските туристи се на врвот на светската листа според бројот и потрошувачката како туристи во странство.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он