Кина заплени јапонски брод поради долг од пред Втората светска војна

Од:

Кинеските власти запленија јапонски товарен брод, поради неплатен долг кој датира уште од пред Втората светска војна, што доведе до дополнително зголемување на тензиите меѓу Пекинг и Токио.

Заплената на бродот „Баостил Имоушен“ на јапонската компанија „Мицуи ОСК Лајнс“ е извршена врз оснава на пресуда на Поморскиот суд во Шангај, кој во саботата одобри негова конфискација поради долг за надомест за изнајмување на два кинески брода во 1936 година.

Имено, поранешната јапонска компанија „Даидо Шишинг“, чиј правен наследник е „Мицуи ОСК Лајнс“, во 1936 година изнајмила два кинески брода за период од една година. Но, со почетокот на Кинеско-јапонската војна во 1937 годна, јапонската компанија престанала да плаќа наемнина и не ги ни вратила бродовите по истекот на договорот, туку подоцна и ги дала на користење на армијата на Јапонија, која намерно ги потопила во текот на Втората светска војна.

Поради ова кинески суд уште во 2007 година реши дека „Мицуи ОСК Лајнс“ мора да плати отштета од 28 милиони долари. Но, бидејќи компанијата не го подмири долгот, судот во Шангај сега одобри конфискување на нејзиниот товарен брод.

Портпаролот на јапонската Влада, Јошихидо Суга ја осуди постапката на Кина, нагласувајќи дека таа може да ги загрози економските односи меѓу Токио и Пекинг.

– Јапонската Влада изразува жалење поради заплената на бродот, изјави Суга, додавајќи дека таквата постапка би можела да ги обесхрабри јапонските компании во нивните намери за деловна соработка во Кина.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он