Кина денеска соопшти дека за првпат ќе воведе употреба на брзи антигенски тестови, бидејќи случаите на Ковид-19 ширум земјата се искачија на највисоко ниво во последните две години, со ширењето на сојот омикрон.
Националната здравствена комисија соопшти дека комплетите за само-тестирање сега ќе бидат достапни за клиниките и обичните граѓани да ги купуваат преку „аптеки на мало, платформи за онлајн продажба и други канали“, откако властите заклучија град од девет милиони во северниот дел на земјата и затворија училишта во Шангај за ги намали инфекциите.