Кина воведува нови мерки за патување пред Лунарната нова година

Од:

Кинеската Влада за да се спречи повторно ширење на Ковид-19 препорача да се избегнуваат „неважните патувања“ и воведе нови правила за патување.

Кинеската национална здравствена комисија за да ги обесхрабри луѓето да патуваат воведе правило со коеграѓаните кои ќе ги посетат руралните подрачја мора да имаат негативен тест на Ковид-19 не постар од седум дена, а по враќањето треба да поминат 14 дена во куќен карантин.

Дел од локалните власти воведоа уште построги правила и наместо домашен карантин по враќањето ќе треба да поминат две седмица во владин карантин.

Препораката на Владата е со цел да се спречи стотици милиони луѓе да се упатат кон своите домови за заедно со семејствата да ја прославата Кинеската нова година.

Лунарна нова година, позната и како Пролетен фестивал е најважен празник во кинескиот календар, а прославата трае 15 дена

Би можело да ве интересира

Кинески туристи повторно организирано ќе доаѓаат во Македонија

Катерина Ѓуровски

Кина: СЗО се обидува да „не оцрни“ околу извештајот за потеклото на короната

Кинеските власти прогласија „решителна победа“ над Ковид-19

Кинезите по три години забрани, од недела конечно ќе можат да патуваат

Порастот на бројот на ковид случаи во Кина не се очекува да влијае врз епидемиолошката ситуација во Европа

Кина го доживува најголемиот бран на коронавирус досега

Горан Наумовски