Кина: Тензиите на Корејскиот Полустров се на критична точка

Од:

Кинеската влада денеска предупреди дека тензиите на Корејскиот Полуостров достигнале „критична точка“ откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета преку Северна Јапонија.

Кина, во своето соопштение, додава дека делумна вина за тензиите во регионот имаат и САД и повикува да запрат провокациите од сите инволвирани страни.

Портпаролката на минисерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чун Јинг денеска побара Пјонгјанг да го запре тестирањето на новите модели ракети во замена за прекин на заедничките Американско – Јужнокорејски воени вежби.

– Состојбата сега ја достигна критичната точка која што води кон криза, изјави Хуа, која смета дека во исто време има шанса за повторно започнување на мировни разговори.

Според официјален Пекинг, САД и Јужна Кореја одржувале една по друга воени вежби и со тоа извршиле воен притисок на Северна Кореја иако, како што изјавила Хуа, притисокот и санкции не можат да ја решат основата на проблемот.

Јапонските и јужнокорејските власти претходно соопштија дека Северна Кореја лансирала ракета која што минала преку јапонска територија и паднала во водите на Тихиот Океан, во близина на островот Хокаидо.

Ракетата која што владата во Пјонгјанг ја испукала рано изутринава по локално време е првиот поголем инцидент кој вклучува балистичко оружје од 2009 година кога Северна Кореја за последен пат испукала ракета над јапонска територија.

Според јапонската телевизија НХК, ракетата која минала 2700 километри и достигнала висина од 550 километри при падот се распаднала на три дела.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе, чија администрација побара граѓаните на територијата преку која летала ракетата да презамат мерки на претпазливост, најави дека ќе стори се што е во негова моќ за да го заштити јапонскиот народ.

– Ќе пружиме максимален напор за да ги заштитиме животите на луѓето, изјави Абе пред состанокот на својата влада во врска со севернокорејската ракета.

Јапонија од своите западни сојузници денеска побара за најновата криза на полустровот да расправа и Советот за безбедност на ОН. Потврда за лансирање на ракетата дојде и од Вашингтон од каде се нагласува дека проектилот не е закана за САД и Северна Америка.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина