Кина смета дека истрагата за новиот копронавирус е преуранета

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти денеска, пред седницата на Генералното собрание на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева, дека секоја истрага за потеклото на новиот коронавирус ќе биде преуранета затоа што многу земји веруваат дека пандемијата уште не е завршена.

На сесијата, на која главните теми ќе бидат иницијативата на Австралија за спроведување на таква истрага, кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се обрати преку видео-линк.

Кина се соочува со обвинувања дека првично се обидела да ја прикрие епидемијата, потсетува Би-Би-Си.

Заедничка резолуција на Европската унија и Австралија која повикува на истрага беше поддржана од 116 земји. За да биде усвоена, резолуцијата треба да ја поддржат две третини од 194 члена на Генералното собрание. Кина остро се спротивстави на иницијативата на Австралија минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија