Кина повика на намалување на тензиите околу Северна Кореја

Од:

Кина денеска повторно повика на воздржаност на Корејскиот Полуостров, изразувајќи надеж дека сите земји можат да ги изгаснат пламените јазици, а не да долеваат масло на огнот со нови зборови и дела, пренесоа британските медиуми.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, на денешната редовна прес-конференција повика на мирно надминување на конфликтот.

Севернокорејските државни медиуми соопштија дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, ја одложува одлуката за истрелување ракети врз Гуам, очекувајќи да види што ќе направат САД, а јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин кажа дека Сеул со сите средства ќе се стреми да ја спречи војната.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина