Кина: Повеќе тешки обвиненија за поранешниот шеф на безбедноста

Од:

Кинеските власти поднесоа обвинение против поранешниот шеф на кинеската безбедносна служба Зоу Јонгканг заради примање поткуп, злоупотреба на положбата и намерно објавување државна тајна, што покажува, као што се наведува, дека борбата против копупцијата е покрената на највисоко ниво.

Зоу е највисокиот кинески политичар кој е уапсен заради корупција од 1949 година од кога Комунистичката партија е дојдена на власт.

Зоу беше член на Политбирото на Постојаниот комитет и се наоѓаше на должноста шеф на безбедноста, се до пензионирањето во 2012 година.

Неговиот случај е префрлен во судот во северниот град Тианјин, јави кинеската агенција Ксинхуа.

Се уште не се знае точниот датум на судењето, но најавено е дека тоа ќе биде отворено за јавноста.

Минатата година Кинеските власти сооштија дека го уапсиле Зоу и дека го исфрлиле од Комунистичката партија, обвинувајќи го за повеќе кривични дела, од примање поткуп, до објавување државни тајни, пренесуваат британските медиуми.

Ниту еден медиум досега не доби коментар од обвинетиот Зоу, кој последен пат е виден во јавноста во октомври 2013 година.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он