Кина отвори истрага против поранешниот министер за правда, осомничен за корупција

Од:

Кинеските антикорупциски власти денеска соопштија дека е почната истрага против поранешниот кинески министер за правда Фу Џенхуа.

Бројни комунистички службеници и бизнисмени веќе паднаа откако претседателот Си Џинпинг во 2013 година ја почна операцијата „чисти раце“, а со која се опфатени војската, компаниите и политичкото опкружување.

Фу Џенхуа, кој имаше клучни функции во Пекинг, вклучувајќи ја и функцијата министер за правда и шеф на Бирото за јавна безбедност, е под истрага за „сериозни прекршувања на дисциплината и законот“, еуфемизам што најчесто се користи во случаите на корупција, но и во кршење на прописите на владејачката Комунистичка партија на Кина.

Истрагата против поранешниот министер доаѓа само неколку дена откако Сун Лијун, поранешен заменик министер за јавна безбедност, беше исклучен од партијата заради корупција, особено во Хонг Конг за време на големите продемократски протести во 2019 година. Сан е обвинет за корупција и за неисполнување на обврските поврзани со борбата против Ковид-19.

Американските медиуми наведуваат дека се уште не е познато зошто Фу (66) стана цел на антикорупциска кампања. Тој долги години беше шеф на јавната безбедност во Пекинг и заменик -министер за јавна безбедност од 2013 до 2018 година, а потоа министер за правда од 2018 до 2020 година.

Кога беше министер за јавна безбедност, Фу ја водеше истрагата поврзана со еден од највисоките функционери осудени во антикорупциската кампања, Џу Џонгканг. Џу во 2015 година беше осуден на доживотен затвор под обвинение за примање мито, злоупотреба на службената положба и откривање државни тајни.

Кинескиот претседател Си Џинпинг е обвинуван дека антикорупциската кампања ја користи за да ги протера политичките противници, а падот на Џу се смета за начин да се закопа некогаш моќната фракција во рамките на Комунистичката партија.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски