Кина одби да и ги даде на СЗО необработените податоци за пандемијата

Од:

Кина одби да и ги отстапи необработените податоци од почетокот на пандемијата на Светската здравствена организација, изјави членот на тимот на СЗО кој го испитуваше потекото на Ковид-19 во Вухан, Доминик Двајер.

Тој истакна дека тимот на СЗО ги барал необработените податци на 174 пациенти, кои меѓу прите се заразиле со Ковид-19 во Вухан во декември 2019 година, но ги добиле само заклучоците.

Австралискиот имунолог истакна дека податоците кои СЗО ги барала се анонимни, но оти содржат детали како прашања и одговори од пациентите, како и нивна анализа.

– Тоа е стандардна пракса кога се почнува истрага за зараза, посочи Двајер по вражањето во Сиднеј и во моментот е во карантин.

Тој додаде дека пристапот до таквите податоци е од големо значење, бидејќи се само половина од 174 случаи поврзани со пазарот Хуанан во Вухан, каде прво е откриен Ковид-19.

– Затоа инсистиравме на тие податоци, а зошто не ги добивме, не би коментирал. Можно е да поради политички причини… Дали постојат некои други причини зошто податоците не се дадени, не знам. Можеме само да шпекулираме, наведе Двајер.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа