Кина: Лидер на комунисти под истрага

Од:

Лидерот на кинеската Комунистичка партија во Нанкинг, Јанг Вејзе (52), се наоѓа под истрага поради сериозно прекршување на дисциплината, соопшти Централната комисија за дисциплинска инспекција.

Истрагата на локалниот лидер на комунистите започнува една година по приведување на градоначалникот на Нанкинг, Ѓи Ѓианије, кој е уапсен поради корупција.

Инаку осомничените кои обично се наоѓаат во притвор на тајна локација, немаат право на адвокат, ниту да контактираат со семејствата во тек на интерните партиски истраги, кои може да траат и со месеци. Се случува некои од осомничените и да починат во тек на тој период.

Пред два дена беше сменет и кинескиот заменик министер за надворешни работи, Џанг Куншенг и против него е отворена истрага за корупција.

Инаку претседателот на Кина и генерален серетар на партијата Си Ѓинпинг минатата година покрена кампања против корупција во партиската и државна администрација и целото раководство.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он