А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Кина испрати мистериозни авиони кон Иран кои исчезнаа од радарот

by А1он18/06/2025 - 11:3816480
Share0

Кина испрати транспортни авиони кои исчезнаа од радарот додека се приближуваат кон Иран, тврди британскиот весник „Телеграф“.

Добивај вести на вибер

„Податоците покажаа дека на секој лет, авионот се движел кон запад по северна Кина, преминувајќи ја територијата на Казахстан, потоа кон југ кон Узбекистан и Туркменистан, пред да исчезне од радарот додека се приближувал кон Иран“, се вели во извештајот.

Според британскиот весник, плановите за летови секој пат го наведувале Луксембург како крајна дестинација, но авионите очигледно никогаш не стигнаa до Европа.

Постои загриженост за товарот испратен од Кина во Иран, додека Техеран е во војна со Израел, објавува „Телеграф“.

Експертите за воздухопловство кои разговарале со британскиот весник тврдат дека типот на авиони на овие летови, товарен авион „Боинг 747“, обично се користи за транспорт на воена опрема и оружје.

Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно изјави дека воената акција на Израел против Иран предизвикала нагло зголемување на тензиите на Блискиот Исток и дека Кина е „длабоко загрижена за тоа“.

Тој додаде дека воениот конфликт не е решение за проблемот и дека ескалацијата на регионалната ситуација не им служи на заедничките интереси на меѓународната заедница.

avioniiranizraelkinaradarsvet

Би можело да ве интересира

Големите сили го запреа планот за употреба на сила против Иран

Горан Наумовски04/04/2026 - 21:12

Ројтерс: Војната со Иран ја зајакнува позицијата на Техеран на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/04/2026 - 21:12

Скриената моќ на Техеран: Главните воени капацитети се недопрени

Горан Наумовски04/04/2026 - 21:12

Нетанјаху: Денес ги нападнавме иранските петрохемиски фабрики, ќе продолжиме со нападите

Горан Наумовски04/04/2026 - 20:56

Израел напаѓа локации поврзани со Хезболах во Бејрут

Горан Наумовски04/04/2026 - 20:45

Израел подготвува напади врз иранските енергетски постројки, чека одобрение од САД

Горан Наумовски04/04/2026 - 20:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто