Кина и Индија се договорија да ја повлечат војската од спорната граница на Хималаи

Од:

Кина и Индија соопштија дека се согласиле да ги намалат тензиите на спорната граница на Хималаите и ќе преземат чекори за враќање на „мирот и спокојството“ по дипломатскиот состанок во Москва.

Кинескиот официјален претставник Ванг Ји и индискиот министер за надворешни работи Субрахманијам Јаишанкар се сретнаа вчера во Москва и постигнаа консензус од пет точки, што вклучува договор за повлекување на војската од двете страни и намалување на тензиите, се вели во заедничкото соопштение на двете земји.

До консензус се дојде на состанокот на Шангајската организација за соработка, по конфликтот во пограничната област на западните Хималаи претходно оваа недела.

Јаишанкар му рече на Ванг дека војската треба да се повлече од „областа на напнатост“ за да не се влоши ситуацијата, изјави индиски извор. Спротивставените армии на некои места се наоѓаат оддалечени едно од други едвај сто метри.

Ванг му рече на Јаишанкар дека „императив е веднаш да се запре со провокации како што се пукање и други опасни дејства што ги кршат обврските на обете страни“, се наведува во денешното соопштение од кинеското МНР.

Кина и Индија меѓусебно се обвинија дека пукале во воздух за време на конфликтот, спротивно на долгогодишниот протокол со кој се согласиле да не се користи огнено оружје на чувствителна граница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик