Кина го прекинува увозот на јаглен и железо од Северна Кореја

Од:

Кинеското Министерство за трговија денеска издаде налог за прекин на увозот на јаглен, железо, железна руда, концентрат, оловна руда и морски плодови од Северна Кореја, а овој налог ќе стапи во сила од утре, јавија светските агенции.

Овој потег официјален Пекинг го направи спроведувајќи ги санкциите на Обединетите нации, усвоени претходно овој месец, а кои мораат да бидат применети 30 дена откако Советот за безбедност на 6 август ја изгласа резолуцијата со санкции, наведуваат британските медиуми.

Кина вети дека во целост ќе ги примени најновите санкции против својот дипломатски сојузник, Пјонгјанг, откако САД извршија притисок врз Пекинг да стори многу повеќе за Северна Кореја да се присили на откажување од својата програма за нуклеарно вооружување, напоменуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина