Кина ги затвора границите за странци поради влошената состојба со Ковид-19 во светот

Од:

Кина привремено забрани влез на странци од најмалку осум земји поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во светот.

Државјани на Русија, Франција, Италија, Велика Британија, Белгија, Филипини, Индија и Бангладеш не можат повеќе да влезат во Кина, дури и ако имаат важечка виза или дозвола за престој.

Во последниве денови, амбасадите во тие земји објавија онлајн известувања, со кои се најавува привремено прекинување на влезот во Кина.

Кина донесе строги мерки за заштита од нови инфекции од странство. Здравствените власти пријавија 30 увезени случаи во последните 24 часа, од кои 15 во Шангај. Ова го зголеми вкупниот број на увезени случаи за време на пандемијата на 3.510.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија