Кина е на прво место на листата на кибер криминалците

Од:

Долги години разузнавачките служби и експерти за безбедност изразуваат сериозна загриженост дека кинески хакери со поддршка на Владата во Пекинг се обидуваат да крадат доверливи документи од западните земји.

Како што пишува списанието „Економист“, ваквите обвиненија наоѓаат потврда во извештајот на американската фирма за кибернетска безбедност „Мандиант“, објавен на 19 февруари. Во него се опишува детално дејноста на мистериозната група хакери, која повеќе години напаѓала десетици компаниски мрежи, крадејќи огромно количество интелектуална сопственост.

„Бомбата“ во извештајот е тврдењето, кое е демантирано од кинеските власти, дека оваа кибер банда е всушност елитен оддел на Кинеската народноослободителна армија, познат како „Врска 61398“, чие седиште се наоѓа во еден обалкодер во близина на финансискиот центар на Шангај.

Иако е убедлив, документот на „Мандиант“ не ги задоволува сите експерти. Според скептиците, Кина не треба да биде автоматски обвинувана за секој поголем кибер напад во светот.

Кинеските хакерски напади налутија многу американски политичари, што доведе до големи сослушувања во Конгресот и контрамерки врз кинески фирми. На почетокот на месецов администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ја соопшти својата намера за почеток на офанзива во областа на кибер-безбедноста.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он